Пјер Гасли откри дека уживал во борбата и контактот со Серхио Перез кој по крајот на трката му донесе казна по што остана без освоениот поен за 10то место. Возачот на Торо Росо доби казна од 5 секунди кој ја опиша како ср*** поради фактот што му го одзема поениот кој го прославуваше на крајот од трката.

Но, во пресрет на трката во Германија тој беше смирен и призна дека сеуште е лут на стјуардите, но уживал во борбата.

НА крајот среќен сум со потегот кој го направив и тркањето. Како што им реков на Серхио и на стјуардите, уживав додека се тркав. Ме прашаа што мислам за тоа што го направив, а јас им одговорив дека уживав во борбата – откри Гасли.

Возачот смета дека во минатото имало многу слични инциденти кои завршувале без казни.

Јас сметам дека сум чист, ја прифаќам казната, но сметам дека е бескорисна особено со оглед на другите судари кои се случија. Добро, казнете ме со 5 секунди, но казнете ги и сите останати за сударите од почетокот на сезоната.

Во Австрија ме удрија во првиот круг, половина од подот ми недостасуваше и ништо не се случи. Казната можеби е фер, но не треба да биде селективна – смета Пјер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.