Пјер има уште една трка за Торо Росо откако официјално беше објавено дека следната година ќе вози во сениорскиот Ред Бул, но ќе го користи истиот мотор за кој верува дека многу ќе напредне.

Со последната трка во Абу Даби ќе заврши и долгогодишното партнерство на Ред Бул и Рено, соработка која донесе четири двојни шампионски титули, но и многу недоразбирања во турбо хибридната ера.

убеден сум дека ќе направи уште еден значителен чекор во однос на перформансите следната година – најавува младиот французин.

Јапонците неколку пати потврдија дека развојот на 1,6-литарскиот В6 турбо хибрид е забрзан сезонава поради што дојдоа и многу казни за Торо Росо како дел од тој развој за следната година. Секако дека казните на стартот ги фрустрираа Гасли и Хартли сезонава, но таквиот развој на моторот е дел од “големата слика“ која треба да донесе можност да се борат со Ферари и Мерцедес.

сеуште имаме заостаток во однос на мерцедес и ферари, но хонда ги стигнува. јапонцие знаат како да го надоместат загубеното. знам дека прават се што знаат и можат за да бидат колку што може подобро подготвени следната година. ќе има значителен напредок во 2019 година.

развојот не е секогаш константен, понекогаш се работи за само еден чекор во текот на неколку месеци, а понекогаш се открива нешто што ви носи многу перформанси, а штоперицата покажува десетинка по круг.

мислам дека хонда веќе надомести голем заостаток и не очекувам од почетокот на следната сезона да бидат на исто ниво со подобрите конкуренти, но ќе стигнат до тоа ниво затоа што инвестираа навистина многу во развојот – открива гасли.

Пјер е возбуден и од можноста да вози во иста екипа со Макс Верстапен, возачот кој е најголем критичар на моторот на Рено и не може да дочека да види со каков агрегат располага Хонда.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.