Гасли: Реално, користиме болид како од Мелбурн

193
   

Пјер Гасли вели дека недостатокот на подобрувања во Торо Росо, како и недоволното разбирање на малкуте нови делови, ефективно значи дека тимот користи болид кој не се променил во 2018 година.

Торо Росо имаше бурна сезона, со некои одлични резултати, но и со трки каде не освоија поени. Гасли стигна до 4то место во Бахреин, шесто во Унгарија и седмо во Монако, но од тие трки има освоено поени само еднаш, додека Брендон Хартли освои само 2 поена.

Реално не сме имале подобрувања од трката во Мелбурн. Тие мали нови делови кои ги имавме во Монако и Австрија не функционираа, така што, го имаме истиот болид со кој ја започнавме сезоната.

Очигледно почнуваме да го чувствуваме тоа бидејќи не сме во можност да бидеме блиску до топ 10, а другите тимови се подобрија.

Дефинитивно ни недостасува нешто, а кога ќе го изгубите техничкиот директор (Џејмс Кеј) секогаш тоа ќе има влијание над моменталните перформанси. Не е идеална ситуација – вели Гасли.

Иако ја критикува шасијата на Торо Росо, Гасли е оптимист дека користењето на Ц спецификацијата од агрегатот на Хонда ќе им помогне во нивните напори на последните четири трки од сезоната.

Знаеме дека во средината ако сакаме да освоиме поени мора се да биде добро и во квалификациите и на трките. Најчесто имавме добри квалификации и солидни трки со добра стратегија, како во Монако, Будимпешта, Бахреин, па дури и Спа.

Во Јапонија имавме навистина добри квалификации, но не максимизиравме во трката. Ако го одржиме темпото кое го имаме … Знаеме дека ако воведеме повеќе мотори ќе имаме грид казни, така што во моментов следните трки се под знак прашалник.

Но дефинитивно со новите спецификации, имаме подобри шанси да се бориме во повисоките рангови – додаде Гасли.


Гасли: Реално, користиме болид како од Мелбурн

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>