Гасли: Торо Росо заостанува позади ривалите

77

Пјер Гасли верува дека Торо Росо досега не ги постигнале перформансите и подобрувањата од нивните ривали, откако и двата болида беа елиминирани од првиот квалификациски сегмент за Германското Гранд При.

Тимскиот колега, Брендон Хартли, успеа да се пласира во К2 на само 3 од 11 трки досега, додека последен пласман на Гасли во К3 е трката во Монако во Април.

Како што одминуваше сезоната, нивните ривали со агрегат на Ферари, како Хаас и Заубер, имаат дополнителна моќ во агрегатите преку значително подобрување од страна на италијанците, со што овие две екипи лесно се одделуваат од тие околу нив.

Штета е да сме елиминирани на самиот почеток. Се надевавме на дожд во сесијата, но тоа не се случи за жал.

Тешко е за нас во моментов бидејќи другите тимови се подобруваат, а ние немаме направено значителен чекор напред, така што мора да работиме напорно за да ги стигнеме другите. Знам дека тимот работи напорно, но сеуште немаме добра форма.

Знаев дека нема да биде лесно да влеземе во К2 и на крајот ја промашивме шансата за само 4 стотинки. Сепак, гледајќи ги нашите времиња од вчера, нашата форма за трка изгледа конкурентно, така што се надевам дека ќе имаме добра стратегија за трката.

Се е можно, секако дека ни е потребна среќа, но ќе дадеме се од себе за да надоместиме позиции – изјави Гасли.


Гасли: Торо Росо заостанува позади ривалите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>