Пјер Гасли е незадоволен од потехот на Естебан Окон на 4от свиок, сметајќи дека неговиот сонародник го истуркал од патеката и дека секогаш вози на истиот начин. Двајцата французи се бореа за позиција кон крајот на трката, а стјуардите сметаа дека нема виновник во нивниот меѓусебен инцидент.

Гасли го мина Окон и неговата Форс Индија на крајот од трката и тоа му го донесе 10то место и нов поен за тимот, но не е задоволен од инцидентот со својот сонародник.

Со Окон секогаш е исто, го знам долго време и секогаш има шанса да се случат многу работи. Не беше многу среќен што јас почнав од последно место и успеав да го минам и поради тоа ме иструка од патеката. Можев да влезам на сила на следната кривина, но ќе иамвме контакт и проценив дека тоа не вреди.

За мене потегот не беше фер затоа што треба да си оставаме простор додека се тркаме без разлика колу сме агресивни. Јасно е дека се работи за субјективна проценка, но Окон не остави место за мене.

На крајот, е ми е ни гајле затоа што завршив пред него и успеав да освојам поен, а тој не – објасни Пјер.

Гасли потврди дека ќе разговара со Директорот за трка, Чарли Вајтинг околу инцидентот за да дознае што е дозволено во текот на борбите на патеката.

Ќе разговарам со Чарли за тоа за да дознаам што е дозволено и до каде можам да одам. Треба повторно да ја видам снимката, но од кокпитот потегот излгедаше премногу агресивен и јас морав да ја напуштам патекаа. Веројатно ако завршев зад него ќе бев повеќе лут, но јас завршив пред него – смеа Гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.