Пјер Гасли максимално напорно се подготвувал за својата прва трка на сингапурската Марина Беј со тренинзи на високи температури со цел симулирање на климата која владее во градот – држава. ПРетходно французинот беше присутен во , но само како резерва за Ред Бул, а ова ќе биде негово прво појавување на азиската трка откако во вториот дел од 2017 година доби шанса да вози за Торо Росо.

Мое единствено искуство со Сингапур е кога бев присутен на трката лани, но како трет возач за Ред Бул. Барем ја имам видено трката во живо и тоа многу добро ми покажа колку топло и влажно е времето за ночната трка, легнуваме рано попладнето, а стануваме многу рано наутро.

Беше чудно што се ориентираме по европско време и не сме навикнати да возиме под рефлектори, но ритамот е поинаков и уживав во Сингапур додека бев таму – откри Гасли.

Патеката Марина Беј поради климата и сложеноста е една од најтешките на календарот според возачите. Иако Пјер се нема тркано таму, признава дека е фан на патеката откако многу често ја вози на видео игри. Како физичка подготовка за претсојниот викенд тој минал време во тренинг со облека на себе и време во саума со цел да се привикне на жештината.

Климата ја прави трката најтешка на календарот. Дури иако не сум ја возел, гледајќи ја конфигурацијата можам да видам за каква патека се работи, каде се добира ритам, на кои кривини треба да се внимава и слично.

Знам дека последните две трки, Спа и Монца, беа комплицирани за нас, тоа и го очекувавме, но Сингапур треба барем на хартија повеќе да ни одговара. Нетрпелив сум да ја искусам патеката.

Тренирав на топло време со многу облека на себе, се потев и се осигурував дека нема премногу страшно да ја доживувам топлината. Поради тоа имав посебен тренинг и минав многу време во сауна.

Марина Беј е една од моите омилени патеки за возење на видео игрите така што нетрпелив сум да ја искусам – заврши Гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.