Според францускиот возач на Торо Росо, Пјер , екипата треба да преиспита се по разочарувачката трка на Интерлагос во Бразил каде не освоија поени со ниту еден болид и покрај тоа што тој имаше топ 10 старт.

Тој не ја знае причината за  лошото издание на тимот и маките на последната трка. Сепак, идниот возач на Ред Бул ќе донесе во Милтон Кинс многу важни информации за моторот на Хонда во текот на зимата.

знаевме дека резултат на патеката во бразил зависи од моторот особено во делот со нагорнината на последниот правец и не е во ред да се каже дека сме разочарани со перформансите.

на квалификациите бевме добри и одлично е што стигнавме до к3 што не беше воопшто лесно, но на трката немавме добри перформанси и немам одговор за тоа. мораме да преиспитаме се – појасни гасли.

Французинот не смета дека перформансите зависат само од моторот и смета дека во моментов Хонда и Рено се на исто рамниште, но им претстои работа за да се доближат до Мерцедес и ФЕрари.

во моментов сеуште имаме дефицит во однос на мерцедес и ферари и смета дека ние и рено сме во тешка ситуација.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.