Гасли смета дека новиот мотор е вистински подобар

82

Пјер Гасли е задоволен од новиот агрегат на Хонда за кој смета дека е вистински подобрен во однос на претходната спецификација. Французинот се квалификуваше на 16то место со стариот мотор, Хонда се реши да стави втора спецификација кај него, стартуваше само пред Роман Гросжан и стигна до 11то место на крајот.

Сигурно дека немаше да завршиме на подобро место со стариот мотор. Мислам дека во тој случај ќе останевме зад Серхио Перез и ќе бевме 14ти. Одлуката да се промени моторот беше исправна затоа што со стариот мотор немаше шанси толку да напредуваме од првичното 16то место.

Исправна одлука и покрај тоа што стартувавме малку позади. Минав болид на Хаас, минав болид на Форс Индија на правецот што е прво такво нешто за нас годинава. По мене моторот е одличен и изгледа ветувачки. Генерално перформансите се подобри на секое ниво, одличен чекор напред.

Ни кажаа дека работат на подобрување, ни кажаа дека подобрувањето ќе биде значително нешто што ќе направи вистински видлива разлика. Согласно податоците гледаме дека тоа е навистина така – појасни Гасли.


Гасли смета дека новиот мотор е вистински подобар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>