Дебитантот на Торо Росо, Пјер Гасли, имаше борба на Автодромот Монца со ветеранот Фернандо Алонсо, дуел кој не беше воопшто нежен, по кој французинот имаше што да каже околу методите и возењето на двократниот првак.

Дуелот беше по Безбедносното возило, бевме еден до друг, јас сакав а минам од надворешната страна, а тој целосно ме исфрли од патеката. Се обидов да останам колку што можеве повеќе, но тој не ми даде простор така што морав да ги прескокнам тротоарите, но потоа повторно иницираше контакт со мене по што останав со целосно оштетена деста страна од подот.

Потоа, мислам дека беше во 8от круг, болидот целосно откажа и лизгав низ патеката – ја објаснува својата трка Пјер, кој заврши на 15то место.

Во врска со сударот со шпанскиот ветеран дополни:

Секако дека тој поинаку гледа на работите затоа што следната година знае дека нема а биде во Формула 1 така што станува многу поагресивен од порано. За мене тоа што го направи не е фер затоа што знаеме дека при паралелно возење мора да дадете простор на другиот, но тој мене не ми остави. Знам дека не не сака затоа што имаме мотор на Хонда, но не смее така да прави.

Мислам дека треба да седнеем и разговарам за сударот, јас не сум човек што прави приказни во медиумтие, јас сакам разговор лице во лице.

Да напоменеме, Алонсо во Сабота имаше недоразбирање на патеката и со Кевин Магнусен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.