Гасли: Сините знамиња ми покажаа дека сум одличен

14

Пјер Гасли откри дека сватил колу добро му оди во Унгарија откако видел многу сини знамиња развеани за возачи кои ги претекнувал. Возачот на Торо Росо заврши на 6то место како најдобар од остантите и беше последен кој не беше минат за цел круг од победникот.

Штом почнав да доашам зад Вилијамс прв пат видов сини знамиња за болиди кои беа пред мене. Штом го видов тоа сфатив дека ми оди многу добро. Вообичаено сините знамиња се за јас да се потргнам за Ферари или Мерцедес, така што ова чувство беше фантастично добро.

Ме минаа за цел круг во Бахреин кога завршив на 4то место и вообичаено јас не минувам други болиди за цел круг, можеби ова е прв пат да го правам тоа – призна младиот французин.

Откако најголем дел од трката ја мина осамен на 6то место, при крајот беше стигнат од Кевин Магнусен, но данецот не можеше повеќе затоа што водечките на трката во тие моменти го минуваа за цел круг.

Трката беше како во сон иако притискав со цела сила од почеток до крај поради притисокот. Изгледаше како да сум осамен, но навистина многу работев.

Формата и перформансите на екипата од Фаенца флуктуриаа сезонава, во Бахреин беа 4ти и 7ми, одлични ба и во Монако и секогаш се надеваа на добро издание на Хунгароринг.

По последните 3-4 трки, шокиран сум што овдека дојдов до 6то место. Бевме многу далеку последниот викенд и испаднавме уште во К1 на квалификациите, бевме зад Вилијамс. Има патеки кои многу добро ни одговараат.


Гасли: Сините знамиња ми покажаа дека сум одличен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>