Пјер , возачот на Торо Росо, верува дека последната спецификација на Хонда со која ќе ги вози последните две трки од календарот ќе му помогнат во борбата за 8мо место против Заубер.

По тркачкиот викенд во Мексико комплетиран со втората спецификација на Хонда за која јапонците имаат повеќе сознанија и не сакаа да ризикуваат со големата надморска височина на Ерманос Родригез, во болидот се враќа најновиот мотор. Гасли заврши на 10то место и дојде до поени и покрај стариот мотор кој го возеше во Мексико, но Заубер имаа двоен финиш во поени и ги минаа во конструкторскиот поредок.

има многу позитивни работи за Бразил, нема да имам казна на гридот што ќе биде добро затоа што последните неколку трки не беше така. почнувавме од позадина и поради тоа беше многу тешко да стигнеме до поени поради што последните две трки се клучни за нас, за тимот и за 8то место.

заубер се само три поени пред нас, но тоа се големи три поени кои треба да ги надоместиме и кои може да имаат големо влијание за следната сезона затоа што чинат доста пари од наградниот фонд. треба да ги максимизираме перформансите, а тоа и го правиме.

имаме последна спецификација на мотор, имаме новини во однос на аеродинамиката и треба да сме во добра позиција во борбата со заубер – смета гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.