Гасли се квалфикувал со стариот мотор

208

Пјер Гасли од Торо Росо откри дека бил принуден да го промени новиот мотор на Хонда со ној со постара спецификација со кој возеше досега. Јапонците донесоа нови мотори во Канада за вата болиди, но кај французинот се појавиле проблеми во Сабота наутро што го натерало да се врати на старата спецификација која ја вози од втората годинешна трка одржана во Бахреин.

Гасли смета дека тоа многу му одмогнало на квалификациите кои ги заврши во првиот сегмент и трката ќе ја почне од 16то место.

Во текот на Т3 имавме проблеми со моторот, со новините кои ни ги донесоа од Хонда и поради тоа моравме да го вратиме стариот мотор кој го користевме и во Монако. На патека како Канада каде максималната брзина е многу важна квалификациите со стар мотор се тешки и фрустрирачки е што не успеавме да продолжиме во К2 за многу малку – објасни Пјер.

Запрашан да ги спореди двете спецификации на Хонда, тој изјави:

Брзината на правците, кога притискате на педалот за гас имате доста повеќе моќ. На патека како Канада каде има толку долги правци придобивките се доста важни.

Позитивно е што Брендон заврши одлична работа со новиот мотор, ќе стартува од 12то место, а јас не можам да дочекам пвоторно да го возам новиот агрегат. Тоа е добар знак за трките кои следат, но ќе биде многу тешко за мене утре.

Никогаш не губам надеж затоа што во тркањето се може да се случи. Нема да биде лесно, но тркањето никогаш не е лесно. Треба да дадам се од себе и да чекам што ќе се случува пред мене – заврши Гасли.


Гасли се квалфикувал со стариот мотор

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>