Гасли свесен дека пропуштил шанса

50

Откако комплетираше само три кривини во Шпанија, Пјер Гасли е свесен дека пропуштил голема можност. Французинот ја почна трката од 12то место и се чинеше дека ќе заврши во поени, но извртениот Роман Гросжан “го собра“ и неговиот болид.

Почнав од 12то место и бевме на само две позиции до поени кои јасно дек беа наша цел. За жал не успеавме да ги освоиме што е штета, но тоа беше само 5та трка во сезоната, но свесен сум за пропуштената можност.

Сударот со Роман на почетокот беше голем неред. Видов место во внатрешниот дел со Нико и се обидав да минам од таму затоа што ништо не се гледаше, но Роман се сврте кон нас и не елиминираше – објаснува Гасли.

Французинот пропушти поени и на претходната трка по инцидентот со другиот возач на Хаас, Кевин Магнусен.

Се чини дека секој викенд имам огромна доза на агреналин во различни инциденти. Штета е што не добив можност да се борам со останатите и да добијам шанса за добар резултат.

Ударот беше силен, но јас сум добро, но разочаран сум што не комплетирав ни еден круг затоа што напорно работам за трката и сакам да добијам шанса за поени. Мораме да останеме фокусирани на следната трка – заврши Пјер.


Гасли свесен дека пропуштил шанса

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>