Пјер Гасли се надева да ја почне својата кариера во Ред Бул уште годинава, на тестот по крајот на сезоната на кој домаќин ќе биде емиратот Абу Даби. На крајот на сезонава, французинот ќе направи трансфер од Торо Росо во Милтон Кинс како замена за Даниел Рикардо кој за прв пат во својата кариера ќе вози надвор од Ред Бул, во фабричкиот тим на Рено.

Последното појавување на Пјер во болид на Торо Росо ќе бие за време на последната трка од календарот, Големата награда на Абу Даби во Ноември, а потоа следува дводневен на Јас Марина кој тимовите треба да го одработат за Пирели.

Размслуваме околу тестот по крајот на сезоната, но ништо не е потврдено. Ќе биде добро уште оваа година да го тестирам овогодинешниот болид за да почнам да работам со мојот инженер и со тимот колку што може побрзо. Сметам дека се ќе се знае во следните две недели – најави Гасли.

Пред да го направи своето деби во Торо Росо, французинот беше тест и развоен возач на Ред Бул, така што има искуство од нивниот болид. Последно појавување во болид направен во Милтон Кинс за него беше на тестот во Хунгароринг во 2017 година.

Гасли е еден од возачите кои сакаат колку што може поскоро да почнат да работат со своите нови екипи, откако се очекува истото да го направат и Шарл Леклер и Кими Раиконен кои ќе си ги сменат местата.

Возач кој сигурно нема да тестира за својата нова екипа е Даниел Рикардо на кого Ред Бул не му дадае дозвола да вози за Рено. Тестот по Гранд При на Абу Даби е на програмата на 28 и 29 Ноември.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.