Пјер Гасли смета дека неговото ривалство со возачот на Форс Индија, Естебан Окон, не е добро ниту за еден од нив, особено по дуелите на Мексиканското Гранд При.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Гасли беше гневен на Окон кој не му оставил доволно простор во завршницата на трката пред две недели, додека пак стјуардитте одлучија дека никој не е виновен за инцидентот.

Гасли успеа да го претекне Окон и да го освои последниот поен во топ 10, но инцидентот е последен од низа помеѓу двајцата возачи, чиешто ривалство датира од деновите на картинг.

Мислам дека моментално, не е добро ниту за еден од нас. Во Мексико изгубив 2,5 секунди, ми се оштетија пневматиците и на крајот можеби тој ќе завршеше на 10то место, а јас на 9то.

Мора да имате цел, но мислам дека тоа не е добро. Но не сакам да губам енергија со тоа. Се обидувам да се фокусирам на мојата трка и да возам чисто. Мислам дека ова беше над лимитот.

Но завршив пред него, така што се е ОК – изјави Гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.