Гасли: Политика и парите премногу влијаат

190
   

Пјер Гасли го истакна фактот што многу возачи, вклучувајќи го и неговиот поранешен ривал во картинг, Естебан Окон, немаат возачко место во Формула 1 поради ситуација која не е поврзана со нивните способности и верува дека таа способност треба да биде единственото нешто што се зема во предвид, а не политичките и финансиските причини.

Откако бизнисменот Лоренс Строл ја превзеде Форс Индија, моменталниот тим на Окон, се очекува тој да го префрли неговиот син од Вилијамс за 2019 година. Окон се гледа како еден од најталентираните возачи на гридот, но тимовите не сакаат да го ангажираат поради фактот што тој е дел од јуниорската програма на Мерцедес.

Мислам, во овој свет на Формула 1, ова не е првпат работите да не бидат фер. Секогаш сум велел и мислам дека сите скоро се согласуваат, перформансите треба да бидат единствениот параметар за возачко место во Формула 1 и верува дека тоа треба да биде случајот.

За жал ова е спорт каде политиката и парите играат огромна улога и како возач тешко е да се прифати и мислам дека неговата ситуација не е воопшто фер – изјави Гасли.

Коментарите на Пјер беа истакнати и од моменталниот колега на Окон, Серхио Перез, кој верува дека французинот едноставно нема среќа.

Ќе биде многу тажно, бидејќи тој е огромен талент, тој заврши добра работа и дефинитивно заслужува место во Формула 1. Сме го виделе тоа и во минатото со Нико Хулкенберг. По такви резултати во неговата прва сезона, тој беше избркан. Формула 1 е многу тежок свет со многу ограничени можности.

Се е до тајмингот. Возачки како Шарл Леклер доаѓаат во вистински момент и наеднаш добиваат огромна шанса.

Како и секогаш потребно ви е среќа во вистински момент, а секако не изгледа така за Естебан во моментов, но сигурен сум дека ќе има голема подршка од Тото, на некој начин тој веќе има привилегии – вели Перез.


Гасли: Политика и парите премногу влијаат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>