Гасли подготвен доколку Ред Бул го побара

76

Пјер Гасли верува дека е подготвен за Ред Бул доколку екипата го побара во Милтон Кинс. “Биковите“ сеуште немаат донесено одлука кој ќе го замени Даниел Рикардо како партнер на Макс Верстапен следната тркачка сезона.

Французинот во моментов вози за Торо Росо, екипа исто така во сопственост на компанијата за енергетски пијалоци и заедно со Карлос Саинз е најсериозен кандидат за пополнување на празното тркачко место.

Секако дека би сакал да возам за Ред Бул, но не размислувам за тоа премногу. Задоволен сум со досегашниот мој тек од сезоната во Торо Росо, среќен сум и задоволен овдека и знам дека во моментов ништо не е одлучено. Во слична ситуација е и Карлос и двајцата чекаме да видиме што ќе се случи – изјави Гасли за шпанскиот весник Marca.

22-годишникот не е загрижен дека доколку не напредува во Ред Бул ќе заврши на сличен начин како Даниил Квјат кој доби отказ од екипата по серија неубедливи резултати.

Доколку сум брз знам дека ќе добијам шанса. Се што треба е да се фокусирам на брзината, а останатото ќе дојде само.

Зависи како ги гледате работите, може да ги гледате возачите кои никогаш не успејаа да дојдат до првиот тим на Ред Бул, но може да ги гледате и Верстапен, Ветел и Рикардо кои се одлични.


Гасли подготвен доколку Ред Бул го побара

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>