Гасли опоменат за инцидентот со Хамилтон

103
   

Пјер Гасли е опоменат поради тоа што го избутка Луис Хамилтон за време на првата тренинг сесија од Јапонското Гранд При.

Гасли беше пред влезот од последниот свиок, пребавно, додека Хамилтон под полна брзина излезе од свиокот 130Р и го стигна возачот на Торо Росо кој се движеше на тркачката линија. Хамилтон сврте десно и ги блокираше сопирачките со цел да избегне судар.

По истрага на инцидентот, стјуардите му доделија на Гасли опомена, негова втора во сезоната.

Тие известија дека Гасли признал за блокирање на болидот број 44 и истакнал дека требал да премине на десната страна од патеката и чекал премногу доцна.

Секој возач кој ќе добие 3 опомени во иста сезона, автоматски добива казна од 10 грид места за таа трка. Ако опомената следи по инцидент во трка, тогаш казната се добива на следниот настан.


Гасли опоменат за инцидентот со Хамилтон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>