Во пресрет на тркачкиот викенд во , еден од ретките на кои нема да има казна, Пјер од Торо Росо очекува топ 10 пласман.

Младиот французин заедно со својот колега Брендон Хартли имаа казни на последните две трки по одлуката на Хонда за промена на компоненти од моторот, но тоа не треба да биде случај на Интерлагос, трката на која Пјер дебитираше лани.

лани беше моја прва трка во сао паоло и навистина уживав во искуството. добивате вистинско чувство колку е важна формула 1 во бразил со аиртон сена и останатите шампиони кои ги дала таа земја.

исто така, одлични беа и карактеристиките на паеката, автодромот има карактер со различни кривини и тротоари кои треба “да ги јавате“, навистина уживам. на ланската трка почнав од позади поради казни, но успеав да дојдам до 12то место, не далеку од подиум. нетрпелив сум да се борам за поени повторно откако дојдовме до тактички казни на последните неколку трки – најави гасли.

Пјер е роден во дел од Франција каде често има дождови, така што неговото искуство на мокра патека може многу да му помогне викендов во Сао Паоло.

во сао паоло често врне, а јас обожавам да возам по мокра патека затоа што е комплицирано, но во исто време и забавно. природно, доаѓам од нормандија каде често возев картинг по мокра патека.

друга интересна работа е што патеката е спротивно од стрелките на часовникот и сите правци и не се баш правци така што секогаш вртите, понекогаш и цели 15 секунди спротивно од вообичаената страна. се сеќавам лани колку притисок се чувствуваше на вратот, но сега не очекувам проблеми.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.