Гасли оди на непозната територија

186

Ова е прва трка за Пјер Гасли во Сингапур но според изгледот на патеката тој смета дека му се допаѓа.

Наредната година ќе биде возач на Ред Бул а на последните две од три трки тој освои поени, но поради тешката патека во Сингапур тој смета дека ќе има тежок викенд.

Мое единствено искуство во Сингапур е кога бев трет возач во Ред Бул. Сепак успеав да ја видам трката и мислам дека имам разбирање за тоа што ме очеква. Мислам дека е разбирливо дека би имал проблеми, сепак доаѓам од Европа и не е лесно да се вози под рефлектори. Условите се доста тешки и физички.

Модерните возачи имаат можност да ја пробаат патеката и на симулатор а Гасли веќе има илјадници кругови зад него. Покрај тоа има и напорни физички тренинзи.

Дури и да ја немам видено патеката, ми се допаѓа изгледот бидејќи има ритам во многуте свиоци. Доста е техничка. Знам дека Спа и Монца беа комплицирани но мислам дека Сингапур ќе ни одговара. Со нетрпение ја чекам и мислам дека поради топлината ќе треба да носам доста облека. Таа е моја омилена патека на видео игрите и со нетрпение чекам да ја пробам во живо.


Booking.com

Гасли оди на непозната територија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>