Пјер Гасли верува дека возните карактеристики на овогодинешниот мотор на Хонда се поконстантни од ланскиот на Рено со кој ја возеше цела 2017 година. Французинот дебитираше со Торо Росо на крајот на лснската сезона кога во Фаенца се возеше со агрегатите на Рено, пред тимот да реши да се префрли на Хонда за сезонава.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тој вели дека јапонците прават голем напредок во намалување на дефицитот во однос на конкурентите и дека моторот веќе покажува одлични карактеристики.

Во однос на возните карактеристики од почетокот на годинава мислам дека сме добри и поконстантни одошто лани кога возевме со Рено. Повеќе добиваме при работа со гасот и кочницата од самиот мотор, знаеме каде треба да се подобриме, но вкупната моќ е се поголема, а возните својства и сега се одлични – смета Гасли.

Техничкиот шеф на Тојота, Тојохару Танабе, смета дека е многу тешко да се процени кој дел од моторот каква улога игра за времето по круг кое се постигнува.

Инженерите на патеката сметаат дека возните карактеристики се приоритет, тие работат на развојот од Сакура, но во реалниот свет мораме да го слушаме возачот кој е наш муштерија.

Возните карактеристики се всушност комуникацијата помеѓу возачот и моторот така што тоа мора да се подобри за да му одговара на возачот – смета Танабе.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.