Гасли: Мораме подобро да го разбереме болидот

70

Пјер Гасли смета дека не би било фер да се обвини Хонда лошите перформанси на екипата минатите две трки, затоа што и СТР13 шасијата има огромен удел во тоа.

Французинот беше ѕвезда во Бахреин на почетокот на сезоната кога стигна до одличното 4то место, најдобар негов резултат во Формула 1 кариерата, како и прв финиш во поени за Торо Росо на нивната втора трка како паррнер со Хонда. Но, одтогаш перформансите се намалуваат и тие освоија само уште еден поен со Брендон Хартли на последната трка.

Тимот мора напорно да работи за да ги отстрани недостатоците на шасијата и да се врати на формата која ја имаше во Бахреин.

Тешко е на последните два викенди на кои навистина немавме добри перформанси. Знаеме дека Кина има еден од најдобрите правци, а слична е и ситуацијата и со Баку.

Дури и на страната на шасијата не сме конкурентни, се чини дека добри сме на кочење, но тогаш се губи контактот со подлогата. Немаме ритам и брзина и мораме точно да разбереме зошто тоа се случува.

Не можам да разберам како е можно да бидеме толку конкурентни и да имем добар баланса на една патека, а штом се преселиме на друга сето тоа да исчезне – анализира францускиот возач.


Гасли: Мораме подобро да го разбереме болидот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>