Гасли многу го подобрил менаџирањето на гумите

57

Возачот на Торо Росо, Пјер Гасли, откри дека неговото менаџирање на гуми силно се подобрило во однос на неговите трки во јуниорската Формула 2 серија. Двата најдобри резултати на францускиот возач сезонава дојдоа по многу долги први серии со гумите, што му овозможија зачувување на позицијата.

Во Монако стигна до 7мо место со рекордна и најдолга серија на трката од 37 кругови додека во Унгарија извозе 32 кругови со исти ултрасофт сет по што заврши на 6то место.

Не се мачев со гумите колку што се мачеа останатите. Мислам дека во однос на менаџирањето на гуми многу се подобрив во однос на ГП2 серијата каде се тркав и каде бев многу агресивен со гумите. Но, научив многу и тоа ми се исплатува поради што сум многу среќен – изјави Гасли.

На Хунгароринг, иако неговата серија на најмеката гума беше најдолга на гридот, тој изјави дека можел и повече.

Мојата серија беше базирана на договорената стратегија, но падот во перформансите на гумите беше помал одошто очекувавме. Мислам дека можевме да комплетираме уште пет кругови, но беше подобро и посигурно да се држиме до стратегијата.

Софт компонентата за нас е многу брза, Монако беше една од тие трки каде менаџиравме одлично со гумите и ги задржавме “во живот“ многу долго време. Во исто време мораме да се грижиме и за балансот, стабилноста и многу друго работи. Балансот во Унгарија многу ме потсети на оној што го имавме во Бахреин. Бев задоволен со болидот и можев да напаѓам и да се бранам без да го загубам задниоит или предниот дел.

Мислам дека во Унгарија го најдовме оптималното место и ќе биде одлично ако тоа ни успев почесто. Ако имаме одличен баланс, секогаш можеме до многу долги серии – смета Гасли.


Гасли многу го подобрил менаџирањето на гумите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>