Пјер Гасли инсистира дека ќе му ја отежне ситуацијата на Макс Верстапен максимално како негов конкурент и тимски колега, но во исто го опишува холанѓанецот како еден од најталентираните возачи на гридот пред почетокот на новото партнерство.

Возачкиот поредок во 2019 година ќе биде значително поинаков споредено со оваа сезона, откако сите тимови со исклучок на два, ќе имаат барем еден нов возач.

Една од најголемите промени е трансферот на Даниел Рикардо од Ред Бул во Рено, заменет со Пјер Гасли, кој одвај чека да се натпреварува против Верстапен.

Ова ќе биде само моја втора сезона во Формула 1, така што постојат уште многу работи кои можам да ги научам и можам да се развијам.

Но, знам дека сум брз, треба да го извадам максимумот од моите способности и квалитет, но и да работам во областите во кои можам да се подобрам.

Ќе видиме како ќе биде против Макс. Тој е еден од најталентираните возачи во моментов, секогаш е добро да се биде до конкурентен возач. Ќе му отежнам максимално колку што можам, но ќе пробам да се развијам како возач. Ќе видиме како резултат ќе постигнам наредна година.

Ред Бул на крајот на сезоната покажаа дека се борат за победи. Макс стигна до една во Мексико и најверојатно ќе стигнеше и во Бразил.

Јасно е дека пакетот функционира и наредната година ќе треба да видиме како ќе функционира со Хонда. Но мислам дека ќе биде навистина интересно доколку имаме болид за победи, а ако е тоа случајот, сигурен сум дека ќе бидеме на врвот, а моја работа ќе биде да сум таму – изјави Гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.