Гасли: Магнусен е најопасниот против кого сум се тркал

226

Пјер Гасли остана преплашен по инцидентот со Кевин Магнусен при голема брзина кон крајот на трката во Азербејџан и смета дека возачот на Хаас е најопасниот против кого некогаш се тркал.

Гасли и Магнусен беа во последниот сектор по последниот рестарт на трката кога возачот на Торо Росо беше насочен кон ѕидот од страна на К-Маг по што болидот беше доста оштетен. По инцидентот, данецот доби казна од 10 секунди, но и 2 поени на својата суперлиценца по што во моментов има вкупно 8.

Кевин е најопасно момче против кого некогаш сум се тркал. Буквално ме наби во ѕид при 300 кмч за време на рестартот и целосно ми ја уништи трката. Во најлош случај ќе бев на 10то место.

Сакав да го минам пред линијата за Безбедносното возило, но нагло сврте и ме натера да одам накај бариерите по што половина од подот ми беше уништен. Предните тркала ми полетаа во воздух, десниот ретровизор ми се сктрши, а се распа и управувањето. Потоа само се обидував да преживеам до крајот на трката, но немаше поента да се тркам – објасни французинот.

Запрашан дали разговарал со Магнусен, Пјер одговори дека тој ми рекол оти не го видел поради силните вибрации кои ги имал во болидот.

Искрено, не ми е гајле за неговото оправдување. Ова што го направи при 300 кмч, а цела трка се трка со таков болид, знаеше точно што се случува и одбра да ме избутка накај ѕидот. Но, секогаш е таков, секогаш се трка многу цврсто. Не ми сметаат цврсти возачи, но ова е многу над границата.

За овој инцидент, Кевин доби казна од 10 секунди, но и поени на суперлиценцата.

Ова беше целосно спротивна ситуација во однос на Кина, а гледајќи што направи сега, казната е смешна.

Секако деак своја верзија на случувањето имаше и Магнусен.

Имав толку силни вибрации од болиот што ретровизорите ми беа бескорисни. Не гледав ништо зад мене. Уште на 19от свиок тој беше речиси до мене.

Жал ми е што тоа се случи, знаев дека ќе биде тешко да го задржам зад мене по Безбедносното возило и кога ми се закочија тркалата, не можев многу што да направам.


Гасли: Магнусен е најопасниот против кого сум се тркал

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>