Гасли изненаден од одлуката за гумите

112

Пјер Гасли бил изненаден што Торо Росо монтирале гуми за силен дожд кај него и покрај тоа што патеката била влажна само на една кривина. Лошото време се појави кон крајот на трката, а дождот се почувствува само на 6от свиок од Хокенхајмринг. И покрај тоа тимот од Фаенца се реши наместо мазните гуми да му даде сини гуми за целосно мокра патека, додека останатите кои се одлучија на промена земаа зелени интермедиа.

Ме прашаа за мислење и им кажав дека дождот сеуште е ситен, ми рекоа да влезам во бокс, но не очекував да добијам гуми за целосно мокра патека. Ги монтираа и реков во ред ајде да се обидам затоа што тие имаат радат и повеќе информации од мене. Мислев дека таквата стратегија ќе успее.

Минав три кривини и си реков во ред сигурно дека дождот ќе се засили сега, во спротивно промашивме. Останавме на тие гуми три кругови и целосно прегрејаа, не беше возможно да продолжам со нив, лизгав насекаде по патеката – објаснува французинот.

Сваќајки дека погрешиле, Торо Росо веднаш го повикаа Пјер во гаражата да ги променат гумите,

Застанавме и променивме на гуми за дожд кога патеката почна да се суши. Видовме дека сме погрешиле и неколку кругови подоцна повторно влеговме да ставиме гуми за суво време, а трката стана жестока.

Не бевме во добра позиција и доколку останевме на сликовите ќе имавме далку подобар резултат. Стратегијата не беше добра. Се коцкавме многу, но кога сте 12ти или 13ти тоа многу не е битно – заклучи Гасли.


Гасли изненаден од одлуката за гумите

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>