Гасли: Долгата прва серија ми ги уништи шансите

70
   

Пјер Гасли откри дека продолжената прва серија на суперсофт му ги уништила шансите за добар резултат и поени за Торо Росо затоа што многу болиди го минале преку бокс за време на промената на пневматици. По К3 пласманот на вчерашните квалификации за екиапта со мотори на Хонда, французинот сакаше да го искористи 7то стартно место.

На почетокот го мина својот колега Брендон Хартли, промени гуми во 31от круг, но тоа го уназади дури 6 позиции во однос на своите ривали, а како тоа да не беше доволно и на 2 кругови пред крајот беше минат од Карлос Саинз во борба за последниот поен.

Имавме добар старт и успеав да го минам Брендон во првата серија што беше одлично за мене. Возев зад Роман и бев блиску до него, но не знам зошто одевме на толку долга прва серија и не минаа 4-5 болиди. Променивме насофт и уживав во борбата првите неколку кругови, но потоа почнаа да се појавуваат меури на задните гуми. Тешко беше на правците затоа што задните гуми повеќе личеа на коцки.

Не сакам да се потсетувам на минувањето од саинз за 10то место затоа што последните 20 кругови само се обидував да преживеам.

Моравме многу подобро денеска и мораме многу да анализираме што се случи. Веројатно не донесовме најдобри одлуки, но тоа се случува некогаш и лесно е да се рече по трката дека сме можеле повеќе.

Штета што по толку добрите вчерашни квалификации не добивме соодветна награда заедно со хонда на нивната домашна трка во Јапонија – објасни французинот.


Гасли: Долгата прва серија ми ги уништи шансите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>