Пјер верува дека 9то место на Торо Росо во конструкторскиот поредок сезоната не го отсликува потеницјалот на тимот годинава.

Менувањето на доставувачот на мотори кон јапонска донесе големи придобивки за тимот кој стигна до фантастично 4то место на трката од Бахреин, втор тркачки викенд сезонава. Но, и покрај охрабрувачкиот старт и силниот развој на тимот и моторот, конкурентите од средината на поредокот не седеа со скрстени раце, по што екипата од Фаенца заврши на претпоследното место од поредокот, оставајќи го само Вилијамс зад себе.

Тоа не е целта која ја имавме од почетокот на сезоната, знаевме дека ќе биде тешко со Хонда и не сакавме да имаме никакви очекувања во однос на позицијата во шампионатот.

битката во средината од поредокот беше многу блиска сезонава, од еден викенд во друг се менуваше најдобрата екипа зад топ 3, а ние во мелбурн бевме помеѓу најдобрите. секогаш е помешано во средината од поредокот, но неколку пати ние успеавме да бидеме најдобри од останатите ос нашиот пакет, а некогаш бевме и побавни.

не завршивме 50 поени зад останатите, во средината е супер блиску, но на крајот сме разочарани и не сум сигурен дека поените и пласманот се права слика на потенцијалот кој го имавме.

што се однесува до хонда, тие направија голем чекор напред сезонава, но крајниот резултат не беше тој што го посакувавме – објасни гасли.

За францускиот возач, најдобар момент сезонава е кога било официјално објавено дека тој ќе биде замена за Даниел Рикардо кој следната година ќе вози за француската фабричка екипа на Рено.

бахреин беше неверојатен, едноставно не можев да верувам што се случува. следуваа уште конкурентни трки во кои беше тешко да поверуваме какви перформанси имавме.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.