Пјер Гасли го сподели своето мислење за денот исполнет со настани за него и Торо Росо, но е оптимист знаејќи дека нема што да изгуби во финалето од 2018 година во Абу Даби, по контакт со Гросжан во Т3 и откажувањето на агрегатот на Хонда во К1.

Гасли влезе во контакт со Гросжан, оштетувајќи го подот и страничните крилца, но потоа ги смири страстите со својот сонародник. Гросжан се подготвуваше за брз круг во последниот сектор, менаџирајќи ги своите пневматици со бавно возење, но не беше известен дека Гасли се наближува со голема брзина, што го натера возачот на Торо Росо да ја промени својата линија на движење.

И двајцата возачи беа повикани кај стјуардите на ФИА, но по дополнителна анализа ниту еден не доби казна. Гасли смета дека пневматиците кои се чувствителни на температурните разлики се главниот виновник, поради што возачите мора да возат околу 1 минути и 20 секунди побавно при подготовките за брз круг.

Мислам дека темпото кое треба да го одржуваме во инсталциските кругови не прави никаква смисла. Понекогаш гледате позади и 3 секунди покасно возачот позади вас е веднаш позади вас.

Роман дојде да ми се извини и ме извести дека не добил информации дека се наближувам. На крајот тој ме блокираше, а во моментот јас бев навистина изнервиран.

Мислам дека треба да целиме кон пневматици со кои не треба да се движиме толку бавно. Тоа ќе ја подобри безбедноста – изјави Гасли.

По поправка на неговиот болид, квалификациите на Гасли не беа ништо подобри откако моторот на Хонда изгуби еден од цилиндрите во последниот свиок на неговиот квалификациски круг.

Болидот беше добар, дури и кога немав чисти кругови. Среќен бев со првиот круг во квалификациите, а при вториот обид се подобрив шест десетинки, со што ќе бев на 11 или 12то место.

Се беше добро до последниот свиок, но изгубив еден цилиндар и цела моќ. Стиснав повторно на педалата за гас, но ништо не се случи.

Имаме уште достапен мотор. Незнам што ќе треба да направиме, но не би требало да добиеме казна. Разочаран сум што ги завршивме квалификациите на таков начин, бидејќи болидот беше доволно добар за К2. Немавме перформанси за К3, но можевме да се бориме за 11то или 12то место – додаде Гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.