Гасли го објаснува инцидентот со Хамилтон

175
   

Французинот од Торо Росо, Пјер Гасли, има своја верзија за настаните од првиот тренинг кои доведоа до опомена од стујардите во Сузука, за блокирањето на Луис Хамилтон на првиот петочен тренинг. Тој изјави дека се нашол во погрешно време на погрешно место и тоа довело до блокирање на Луис Хамилтон.

Британецот беше приморан да го избегне Гасли во пресрет на последната шикана која е една од најбрзите на оваа патека. Тој отиде прешироко на вештачката трева, а Гасли доби второ предупредување оваа сезона и е на работ да добие казна од 10 места на гридот доколку добие и трета опомена на некоја од следните трки.

Бев побавен и се подготвував за мојот круг кога инженерот ми рече дека Луис е 5-6 секунди зад мене на брзата шикана. Кога го поминав мислев дека сум бавен и намалив за да имам време за таа разлика. Мислам дека бев на 60км/ч кога ја добив пораката и тој веќе беше на 3 секунди зад мене бидејќи возеше 300км/ч. Видов во ретровизорот дека направив грешка и доколку се тргнев од таа линија ќе беше полошо. Се обидов да се доближам до левата страна со една гума во трева. Беше лоша ситуација – објасни Гасли.

Французинот смета дека би било лошо да добие казна од 10 места бидејќи случајот добил големи димензии поради тоа што бил фатен на камера.

Бев во лошо место во лошо време. Имаше и други возачи кои го направија истото но јас бев во директен пренос во моментот. Ако добијам казна од 10 места би било престрого. Искрено не знам што е причината, но немав намера да го блокирам. Секоја година зборуваме и останува исто. Кога возите круг за оладување сте 45 секунди поспори од другите и тоа е тешко да внимавате на другите. Затоа треба да се вежба во повеќе ситуации. Мислам на квалификации нема да е таков проблем. Во К1 ќе биде тешко бидејќи има многу болиди на патеката но нема да е како на тренингот.


Гасли го објаснува инцидентот со Хамилтон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>