Францускиот возач на Торо Росо, Пјер , ги игнорираше тимските наредби на Интерлагос и не му дозволи на својот колега, Брендон Хартли, да го мине и да добие шанса да се боеи за поен и 10то место.

Поради долгата прва серија и посвежите гуми на крајот, новозеланѓанецот стигна до својот колега, а го имаше и Карлос Саинз зад себе, но двајцата беа побрзи од Гасли, Брендон побара од тимот Пјер да се помести и да го пропушти, нешто што Торо Росо го одобрија, но Гасли не сакаше да се помести и следуваше вистинска битка помеѓу двата болиди со мотор на Хонда.

морав да го пропуштам на два круга пред крајот затоа што снемував гориво и поради тоа последните два круга ми беа многу бавни. сметам дека бевме во позиција да се тркаме еден со друг, тој беше на суперсофт, а јас со моите стари медиум.

одговорив на тимот дека доколку брендон е побрз може слободно да ме претекне, но тоа не го правеше цели 10 кругови, но штом дојдов во критична ситуација со горивото, на два круга пред крајот тој ме мина – објасни гасли.

Францускитот возач кој догодина ќе се трка за Ред Бул објасни дека фактот што не се тркале и бореле за поени бил пресуден да не го пушти колегата пред себе.

различно е затоа што кога сте во топ 10 имате влог, денеска немаше никаков влог затоа што се боревме за 11то, 12то и 13то место. на крајот на денот, јас сум тркачки возач, сакам да се тркам и тоа и го правам. моето сфаќање за моторспортот е такво – објасни гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.