Пјер смета дека е во фантастично добра ситуација што ќе вози крај Макс Верстапен оваа година, откако неделава Кристијан Хорнер потенцираше дека холанѓанецот е возачот од кој Фетел и Хамилтон најмногу стравуваат.

Иако е постар од Макс со своит е23 години, Пјер ја вози само својата втора Формула 1 сезона, откако лани беше во Торо Росо.

ова ќе биде многу важна сезона за мене. три тимови се на врвот од поредокот, Ферари, мерцедес и , а јас сум среќен што со моите 23 години и во мојата втора сезона сум дел од еден од тие тимови.

сонував за вакво нешто од моите картинг денови. ќе бидам со колега кој е еден од најдобрите и најталентираните во моментов, така што за да продолжам да се подобрувам тоа ќе биде клучно – смета гасли.

Во Ред Бул се надеваат дека првата година од соработката со ќе биде одлична за нив, иако Пјер смета дека ќе им треба малку време. Запрашан за предсезонскит етестови во Барселона, младиот возач одговори:

ќе биде клучно да возиме колку што можеме повеќе за да го развиеме моторот. ова е прва година од соработката на ред бул со хонда, а знаеме дека секој почеток е тежок и треба време.

мораме да бидеме трпеливи, а во подоцнежната фаза мислам дека ред бул и хонда ќе бидат во можност да стигнат до одлично ниво на перформанси, но не можам да кажам кога тоа очекувам да се случи.

сите многу притискаат и напорно работат и имаат пари да го прават тоа. во моментов не можам да кажам до каде сме во однос на останатите – заврши гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.