Пјер Гасли, следногодишниот возач на Ред Бул смета дека шефовите на Формула 1 мора да најдам начин да ја направат тркачката серија фер за младите возачи. Ова доаѓа откако одличниот Естебан Окон по се изгледа ќе остане без место за 2019 година, иако самиот тој се избори за промоција од Торо Росо во Ред Бул.

Јасно е дека има проблем. Не знам дали станува се потешко, но јасно е дека во моментов со Естебан гледаме дека тој не знае што ќе прави следната година. Во Формула 2 се тркав и со Антонио Џовинаци кој е многу талентиран возач, напорно работи и заслужува да биде во Формула 1, а сега го гледаме и Џорџ Расел.

Дури и јас откако победив во Формула 2 серијата морав да возам една година во Јапонија, исто како што направи и Стофел Вандорн што ми беше доста тешко.

Јас не можам да ги променам работите, но одговорните во Формула 1 мора да го разгледаат проблемот и да најдат начин спортот да биде пофер кон младите возачи затоа што вистинскиот талент заслужува да биде во Формула 1 и тие мора да се погриат да биде така. Мислам дека перформансите треба да бидат единствениот критериум за да се биде на гридот – смета Гасли.

Тото Волф предложи да се воведе трет болид за секоај екипа со цел да се добие поголема шанса за младите возачи, но Пјер не гледа на тоа како на решение на проблемот.

Воведување трет болид би било сложено. Ако ги погледнете годините кога Ред Бул доминираше, па и Мерцедес во последната ера, ги гледате истите тимови на чело и на подиум секој викенд. Трет болид нема да ја ннаправи Формула 1 возбудлива.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.