Гасли барал совет од Фетел во 2016

101
   

Французинот Пјер Гасли барал совет од возачот на Ферари, Себастијан Фетел по разочарувањето откако во 2016 година не успеа да добие место во Формула 1, а годината ја освои титулата во ГП2 тркачката серија. Гасли тогаш се надеваше дека ќе добие место во Торо Росо, но наместо тоа, Ред Бул го испратија една година во јапонската Супер Формула. Местата во Торо Росо таа годна беа окупирани од Карлос Саинз и Даниил Квјат.

Во Супер Формула тој возеше за тимот Муген каде заврши на второ место пред да биде префрлен во Торо Росо.

Пријатели сме со Себ и тој навистина ми помогна. По ГП2 отидов кај него бидејќи тешко го поднесов тоа што не добив место во Формула 1 но бев на добро место во погрешно време. Го прашав што мисли за мојата ситуација и дали може да ми даде совет.

Паметам после трката во Мексико на возачкиот брифинг разговаравме и беше фино. Ми го кажа неговото искуство во Ред Бул и што тој мисли. Ми рече дека Супер Формула е одлична шанса за да се прошета и да одам напред да им покажам дека не се откажувам бидејќи ме тестираат. Дури и сега кога зборам со Себ тој е еден од моите идоли. Тоа може да е чудно но го гледам уште кога возев картинг и сега возиме заедно во Формула 1 – изјави Гасли.

Напорите на Гасли се исплатеа и по една година во Торо Росо, следната ќе биде унапреден во Ред Бул каде ќе се бори со Фетел за победи.

Наредната година ќе се бориме и тој е навистина импресивен како човек. Навистина е паметен и се надевам дека ќе научам нешто од неговото искуство.


Гасли барал совет од Фетел во 2016

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>