Од Мерцедес при промоцијата на болидот изјавуваат дека целат нивниот нов В10 болид да биде многу понежен со гумите отколку претходниците.

Иако тимот лани силно напредуваше подобрувајќи ги “дива“ карактеристиките кои ги имаше В09 на почетокот од сезоната, на крајот стигнаа до титула, но сеуште не се задоволни од начинот на работа на болидот.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

За време на промоцијата во Силверстон, Џејмс , техничкиот шеф на екипата, изјави дека вложиле многу труд за да се осигураат дека подобро ќе менаџираат со гумите сезонава.

држењето на патеката на в09 беше многу подобрено во однос на неговиот претходник, успеавме да бидеме конкурентни на многу патеки со него. сепак, и покрај подобрувањата, сеуште не бевме добри во некои области како нашите конкуренти, особено со перформансите на задните гуми.

работевме напорно на суспензијата и аеродинамиката за да испорачаме болид кој ќе биде понежен кон задните гуми и ќе биде предност за нас низ трките од календарот – појасни алисон.

Од друга страна, фокус на тимот бил и намалување на тежината откако растојанието помеѓу тркалата го направи болидот голем и тежок. Алисон откри дека имале агресивна програма за “слабеење“ на болидот.

иако минималната тежина беше зголемена за 10 килограми сезонава, олеснувањто на болидот беше вистински предизвик на сегашната генерација болиди. компонентите кои сметавме дека максимално сме ги олесниле лани, беа повторно подложени на агресивна анализа за дополнително олеснување.

од некои компоненти успеавме да намалиме половина килограм, од некои само неколку грама, но се на се го олеснивме болидот неколку килограми, нешто што беше надополнето кај аеродинамиката, суспензијата и моторот со цел да дојдеме до перформанси.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.