Чарли Вајтинг, роден 12 Август 1952 година, беше Тркачкиот Директор на ФИА за Формула 1, делегат за безбедност и одговорен за техничкиот оддел на Ф1, во која улога ја менаџираше логистиката на секоја Формула 1 Гранд При трка, инспектирајќи ги болидите пред секоја трка, спроведувајќи ги правилата на ФИА и го контролираше стартот на секоја трка.

Првата работа на Вајтинг беше како асистент на неговиот брат Ник во подготовките на рели автомобили во близина на патеката Брендс Хеч во Англија. Во средината на 70тите браќата учествуваа со Суртис во британската Ф5000 тркачката серија во 1976 година со возачот Дивина Галика. За 1977 година, Вајтинг се приклучи на тимот на Хескет Рејсинг.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

По распаѓањето на екипата, тој се приклучи на тимот на Брабам под кормилото на Берни Еклстон, каде остана наредните 10 години, каде беше главен механичар во успехот во првенството на Нелсон Пике во 1981 и 1983 година, за потоа да стане главен инженер, додека Ник отвори продавница за тркачки делови. Ник Вајтинг го загуби својот живот во убиство во 1990 година.

Во 1988 година, Вајтинг стана технички делегат на ФИА за Формула 1, а во 1997 година тој беше назначен за ФИА Директор и Делегат за Безбедност.

Еден од клучните моменти во неговата кариера беше Американското Гранд При во 2005 година. На таа трка, тој беше инволвиран во контроверзија предизвикана со пневматиците кои Мишелин ги донесе во Индијанаполис кои беа небезбедни. Мишелин не успеа да донесе нови пневматици со кои ќе ги замени потребите на седумте екипи кои ги снабдуваа, а кои побараа од Вајтинг да воведе шикана во свиокот 13 како алтернатива. Чарли одби врз основа дека тоа не би било коректно кон тимовите кои беа во можност да се тркаат безбедно на постоечката патека.

Но утрината на 14 март 2019 година, само 3 дена пред почетокот на Формула 1 сезоната и првата трка во Мелбурн, пристигнаа вести кои го ужаснаа Формула 1 и целиот моторспорт свет, дека Чарли Вајтинг ненадејно починал на 66 годишна возраст поради белодробен емболизам.

Нека почива во мир – бранителот на правилата, етиката и духот на спортот!


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.