Промотерот на Големата награда на Белгија, Андре Маес, откри дека не се загрижени и засегнати од потенцијалниот влез на на Формула 1 календарот.

Холандските медиуми пренесуваат дека Зандворт е многу блиску до договор за враќање на трката во Формула 1, по неколкуте состаноци со Либерти Мердиа. Се шпекулира дека американците веќе доставиле и понуда.

Се поголемата популарност на атрактивниот Макс Верстапен ја зголеми многу гледаноста на спортот во Холандија, а навивачите во портокалово се честа слика во особено голем број на европските патеки.

Во моментов, најблиска трка за холанѓаните е белгиската Спа Франкошамп каде најголем дел од трибините се во портокалова боја.

Маес, кој е одговорен за Белгиското Гранд При над 30 години, не гледа потреба да бидат загрижени од конкуренцијата која ќе им ја донесе Зандворт.

природно е константно да се бориме за своето место. секако дека немаме намера да ставаме вето на трка во холандија, но прашуваме дали има такви сериозни планови. доколку има холандко гранд при, ќе им требаат барем три години за да се подготват – смета маес.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.