Оперативниот директор на Силверстон, Стјуард Прингл, ги предупреди Формула 1 шефовите дека легендарниот автодром нема да остане дом на Британското Гранд При по секоја цена.

Лани БРДЦ, сопственици на Автодромот, искористија клаузула за предвремен раскин на договорот со Формула 1, според која имаат обврска да организираат трка само уште следната година, како и одврзани раце да преговарат за нов договор со Либерти Медиа.

се доведовме во лоша ситуација затоа што водевме бизнис кој беше целосно финансиран од одржувањето на гранд при трката. мораме да диверзифицираме и тоа го правиме. ќе изградиме хотел, ќе отвориме нов музеј и уште неколку луксузни проекти, а астон мартин се веќе “станари“ кај нас.

работите се одвиваат во вистински правец и тоа ни дава верба да кажеме дека сакаме да ја задржиме гранд при трката, но не по секоја цена. ќе имаме поширок и поразнолик бизнис кој ќе може да преживее без формула 1, но би сакале и таа да остане кај нас – изјави прингл за време на доделувањето на БРДЦ наградите, настан на кој беше присутен и главниот извршен директор на формула 1, чејс кери.

Самиот Кери не сакаше да открие ништо во врска со моменталните преговори со Силверстон, но повтори дека спортот има намера да остане на историските патеки во исто време проширувајќи го календарот со нови локации.

досега бевм јасни, сакаме да го надоградиме спортот на постоечките темели, а тие се во европа. фановите кој најдолг период ја следат формула 1 се во европа и поради тоа мораме да се сконцентрирае таму. посветено работиме на тоа, но во исто време сакаме и да стекнеме нови фанови насекаде низ светот.

реалноста е дека нашите настани имаат долгорочни договори така што стабилност во она што го работиме постои, но но сакаме да додадеме и доза на свежина и сметаме дека е важно да одием на места и да ја разгориме фантазијата на луѓето.

поради тоа, сакаме да продолжиме да го почитуваме она што спортот го направи бесценет во минатото – објасни кери.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.