Во Ред Бул нема лојалност, обвинуваат од Рено

102

По се изгледа дека преговорите помеѓу Рено и Ред Бул не се одвиваат како што треба, откако Сирил Абитебул изјави дека тимот од Милтон Кинс никогаш нема да почне да ја цени потребата од лојалност и посветеност.

Ред Бул во моментов размислуваат за тоа кој мотор ќе го користат следната година, а двоумењето е помеѓу сегашниот Рено или надежната Хонда. Со французите тие стигнаа до четири последователни двојни шампионски титули, но успехот не може да го повторат од почетокот на турбо В6 хибридната ера.

Ред Бул го критикува доставувачот на мотори, а тоа не е ништо ново. Со нив работиме 12 години, освоивме 8 титули заедно, а сеуште не критикуваат, но ние се навикнавме на тоа. Никогаш нема да научат и никогаш нема да може да ценат лојалност и посветеност кон некој соработник – изјави Сирил Абитевул за Daily Express.

И да го загуби Ред Бул како свој клиент, соработката на Рено ќе продолжи со вториот најтрофеен тим на гридот, Мекларен. Сирил смета дека тоа е одлична референца за фабричкиот тим како споредба.

Ако Ред Бул е референца за аеродинамика, тогаш Мекларен е репер за механичките делови на болидот. Тоа одлична можност за нас да видиме што е потребно и каде да се подобриме до 2020 година. Ќе видиме што ќе се случи тогаш – појасни Абитебул.


Booking.com

Во Ред Бул нема лојалност, обвинуваат од Рено

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>