Во Мајами повторно се случува нешто …

265

Градоначалникот на областа Мајами – Дејд лично интервенирал за да го откаже патот на американската делегација во Сингапур со цел да се констатираат факти кои би биле контра организација на второ Американско Гранд При, овој пат на Флорида, во Мајами.

Весникот Miami Herald пренесе дека делегацијата на одговорни лица вклучително и шефот на полизијата и пожарникарникарите требало да отпатуваат во Сингапур за да се стекнат со искуство “од прва рака“ околу организација на улична трка. Ова патешествие требало да го олесни градскиот буџет за 18 илјади долари.

Во Вторник, Градоначалникот Карлос Хименез чиј син СиЏеј лобира во корист на одржување на трка, се обидел да ги спаси работите вмешувајќи се во ситуацијата.

По разгледување, побарав од директорите на Пристаништето во Мајами, Полицијата на Мајами-Дејд и Пожарниарната единица да го откажат патувањето и да побарааат трка поблиску до областа Мајами-Дејд за да ја посетат – гласи официјалното соопштение.

И покрај тоа што официјалните лица службено нема да одат на Големата награда на Сингапур, администраторот на настанот и претстаник од полицијата, сепак ќе присуствуваат на Формула 1 трката.

Плановите за одржување на трка во Мајами уште слдната година беа откажани во Јуни, а се очекува Октомври 2020 гоидина да дебитантската трка во главниот град на Флорида.

Во меѓувреме, за “опипување“ на пулсот на американските фанови од 17 Октомври до 21 Октомври ќе се одржи Формула 1 Лајв фан фестивал во Мајами, главно во Бејфронт Парк каде е планирано демонстрација на Формула 1 машинерија на патека од 700 метри од Бискејн Булевар со “крофна“ на 5та Улица.


Во Мајами повторно се случува нешто …

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>