Во Италија, падот на Ферари е поради смртта на Маркионе

948
   

Падот на Ферари во перформанси од трката во Монца и неверојатните шанси за титула на Себастијан Фетел го натераа целиот Формула 1 падок да се запрашува која е причината, но во овој пад на Скудерија се поврзува со смртта на Серџо Маркионе.

Лошата стратегија и грешката на Фетел го спречија тимот да освои големи поени во Монца, но Сингапур беше јасен показател на падот во перформанси на Ферари во однос на ривалите Мерцедес.

Излегоа шпекулации дека надолната линија е поради блиските инспекции на ФИА во нивниот систем со двојна батерија, како и вториот сензор вметнат од ФИА, за чија што улога тркачкиот директор на Формула 1, Чарли Вајтинг, не нуди објаснување.

Доколку го сторам тоа, ќе мора да го опишам болидот на Ферари, а потоа останатите тимови ќе дознаат повеќе работи за истиот. Не смеам да дозволам тоа да се случи – вели Вајтинг.

Луис Хамилтон беше еден од тие со “прст на чело“ барајќи одговори за ненадејниот пад во форма на Ферари.

Не го очекував тоа. До средина на сезоната тие беа многу силни, а потоа стигнавме во Монца каде што исто беа прилично силни, но потоа во Сингапур започна нивниот пад.

Навистина немам одговор за тоа. Треба да го прашате Себастијан – изјави Хамилтон во Монца.

Сепак, италијанскиот Corriere della Sera и нивниот дописник, Даниеле Спаричи, ја поврзуваат моменталната ситуација во Ферари со смртта на поранешниот претседател, Серџо Маркионе.

Опишан од Спаричи како “внатрешниот чувар на баланс во Ферари“, смртаа на Претседателот оставила голема и неибзежна празнина. Но најважно, исто така оставила и политичка борба за превласт помеѓу две спротивни страни, внатре во Скудерија.

Од една страна се известува дека се наоѓа Маурицио Аривабене, додека од другата страна е техничкиот директор, Матија Биното, а двете страни се обидуваат да го наметнат своето влијание над Скудерија како целина.

Се слушаат гласини дека односот помеѓу двајцата е на историско ниско ниво – вели Спаричи.


Во Италија, падот на Ферари е поради смртта на Маркионе

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>