Волф ја правда стратегијата на Мерцедес

350
   

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, ја правда стратегијата да не ги внесуваат Валтери Ботас и Луис Хамилтон по свежи гуми во завршницата од Британското Гранд При. Себастијан Ветел направи спротивно, влезе во бокс по свежи софт, го мина Ботас и победи.

Дополнително и Кими Раиконен го мина Валтери Ботас чии гуми беа добри само за 4то место, а финецот без борба го предаде својот пласман на Хамилтон.

Најпрво сакам да кажам дека одлуката која ја донесовме беше апсолутно исправна. Имаше 15-16 кругови до крајот, а знаевме дека медиум ќе издржат толку. Превземање на позиција на тој начин беше интересна опција за нас и се одлучивме да останеме.

Двете стратегии се валидни и исправни, но ние се одлучивме да останеме на патеката и на крајот завршивме на 2ро и 4то место на трката. Со оглед како ја почнавме трката, мора да кажеме дека резултатот не е лош и прифатлив поради тоа што со Хамилтон работевме на ограничување на штетата – појасни австриецот.

Тото смета дека Безбедносното возило се појавило во лош момент за Валтери Ботас, кога финецот го намалил заостатокот зад Ветел од 5 секунди на 2 секунди.

Реално гледано Безбедносното возило  беше против него. Себастијан долго ги менаџираше своите гуми, исто како и при првиот сет софт, беше многу брз на почетокот, но како вртеше кругови гумите го издаваа.

Можеби, доколку немаше Безбедносно возило, ќе можевме да напднеме на крајот, но тоа е само можеби. Можеби ќе добиевме шанса за победа, а можеби и не – смета Волф.


Волф ја правда стратегијата на Мерцедес

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>