Тото Волф ја потврди иднината на Мерцедес во Формула 1 и инсистира дека германскиот производител нема планови да си замине од спортот во блиска иднина.

Името на Мерцедес се врати во врвот на моторспортот во 2010 година и тие се доминантни од почетокот на В6 турбо хибридната ера во 2014 година, освојувајќи 5 последователни двојни титули. Тие се движат кон шеста титула по ред откако уживаат во силен почеток на 2019 година со пет последователни 1-2 победи.

Германскиот производител претходно се откажа од Форула 1 во 1955 година по успешен период, но Волф инсистира дека Мерцедес нема планови за повторување на историјата.

Не се откажуваме. Имавме дискусија со одборот бидејќи сме голема корпорација и како бренд мора да изберете дали сакате да бидете дел од нешто на долг рок или во циклуси.

Можеби ќе има период кога ќе биде многу тешко, како во почетокот на 2020 година, а потоа ќе има и одличен период. Дали сме подготвени како бренд да останеме во Формула 1 на долг рок или да поминуваме низ циклуси?

Но од друга страна, дали се менува околината и дали сакаме да го имаме максималниот успех, а потоа да донесеме одлука дали да останеме или не?

Мислам дека вистината е некаде во средина. Навистина уживаме во ова, има смисла за нас. Публиката се зголемува, дури и на ТВ. Имаме трки со многу голема публика. Денес Формула 1 е одлична за рекламирање на Мерцедес-Бенз. Каде ќе се движи автомобилската индустрија за 5 или 8 години, не знам. Но сега можам да кажам, ова е нешто во што уживаме.

Волф одговори на коментари дека тој размислува околу својата иднина во Мерцедес, на што тој појасни дека нема мислење за по 2020 година.

Јас сум во супер ситуација. Имам удел во тимот, сакам да бидам со луѓето и со соработката која ја имаме, тоа ми е важно.

Сега сум во среќно место и мотивиран сум секој ден. Има уште години во мојот договор и мислам дека со сите дискусии со возачите на пример, мора да бидете 100 проценти посветени во вашата улога, а јас сум. Не сум размислувал за по 2020 година.

Формула Е е интересен стартап и интересно е да се следи како расне. Од друга страна, глобалната платформа на Формула 1, едноставно покрива тоа што го очекуваме од нашата програма за тркање.

Формула 1 е добро место, минатата година имавме повеќе од половина милијарда уникатни гледачи, иако се тркаме со исти проблеми како секој друг спорт. Искрено мислам дека сум на добро место. Мерцедес не покажале никакви индикации дека ќе ја прекинеме програмата, напротив, имаме навистина отворени дискусии околу погодностите.

Но за 10 години целата автомобилска индустрија може да се промени и да биде целосно електрична, така што не сакам да коментирам каде ќе бидеме за 10 години, но можам да кажам дека на краток и среден рок, Формула 1 прави голема смисла за Мерцедес – изјави австриецот.