Волф: Човечкиот фактор ги одлучи квалификациите

295

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, смета дека првиот стартен ред за неговиот тим бил поради тоа што чвечкиот фактор, а не машините, ги одлучиле квалификациите на Хунгароринг. Квалификациите беа вистински тест за тимовите, времето се менуваше, дождот се засилуваше, така што беше тешко да се погоди стратегијата.

Во првите два квалификациски сегменти доминираше Ферари преку Себастијан Ветел, така беше и во последниот дел се до последните летечки кругови кога Мерцедес се најдоа на врвот од поредокот.

Ова беа толку тешки квалификации се мешавина од ултрасофт, интермедиа и сини гуми за дожд во различни делови од сесиите така што беше полесно целосно да се промаши стратегијата.

Ферари изгледаа подобро од нас на суво, но на интермедиа имавме мала предност, а истата беше поголема со гумите за целосно мокра патека. Сепак, разликата беше човечки фактор и пол позицијата овој пат не ја решија машините.

Мерцедес одговори со смирен фокус на променливите услови, видовме какосе појавува дождот и реагиравме на вистински начин и кога дојдоа последните кругови со нови гуми за дожд Луис и Валтери беа на висина на задачата. Честкитки до нив за безгрешната работа, си дадовме најдобра стартна позиција и чекаме силен резултат – изјави Тото Волф.


Волф: Човечкиот фактор ги одлучи квалификациите

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>