Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, вели дека неговите возачи, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, се подготвени за новата сезона во Формула 1, во која тие целат кон досега невидено достигнување.

Волф потврди дека подготовките на екипата пред новата сезона се одвиваат според планот и покрај минималните промени во регулативата.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

По мирна зима за двајцата возачи, Волф е импресиониран од Хамилтон и Ботас и прогнозира силна конкуренција помеѓу двајцата во 2019 година. Хамилтон доминираше над Ботас во 2018 година во походот кон својата петта титула со 11 победи, додека финецот не успеа да стигне до ниту една.

Се видов со двајцата по зимската пауза, а тоа беше неопходна пауза по интензивна 2018 година. Луис е вратен свеж, подготвен, со многу мускули и гладен е.

Валтери е како нов, ресетиран и мислам дека беше важно за него да се одмори. Тој е многу силен дел од екипата и ја има нашата поддршка. Навистина очекувам силна конкуренција помеѓу двајцата и очигледно против другите конкуренти – вели Волф.

Иако Волф прогнозира ветувачки почеток за Мерцедес, тој исто така очекува да бидат целосно подготвени за историска борба за титула во обете конкуренции.

Мерцедес можат да станат првиот Формула 1 тим кој освоил шест последователни двојни титули и да ги надминат петте по ред постигнати од Ферари помеѓу 2000 и 2004 година.

Пет двојни шампионски титули се очигледно повеќе од што можевме да очекуваме. Но секоја сезона започнува со нула поени. Ништо не се пренесува од претходната сезона. Поради тоа, секоја нова сезона, ја започнуваме со истата мотивација и глад како и претходно – додаде Тото.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.