Тото Волф не смета дека Мерцедес има толкава предност како што велат времињата по круг постигнати на петочните тренинг сесии и додаде дека смет оти Ферари намерно забавуваат.

“Сребрените“ доминираа со двете петочни сесии откако Луис Хамилтон го имаше најбрзото Т1 и Т2 време, а Ботас беше зад него. Дополнително, времињата на Хамилтон беа поставено со средната гума за овој тркачки викенд, жолтиот софт, додека времињата на Ферари беа поставени со суперсофт од кои тие имаат 10 сетови.

Мислам дека тие денеска го стишија својот мотор. Ние губиме низ летечките кривини, така што времињата по круг ни ласкаат во моментов. Ќе видиме како ќе изгледа се на утешните квалификации.

Утрото Ферари беа побрзи во сите кривини на патеката, но се мачеа поради меките гуми кои асфалтот ги трошеше. Кога бевме на исти гуми, добивавме предност на правците.

Поради тие работи сомничав сум дали тие ги покажаа вистинските перформанси. Беа побрзи низ есовите така што блиску сме иако времињата не го покажуваат тоа – смета Волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.