Способноста на Луис Хамилтон да прикажува перформанси на толку високо ниво во Формула 1 моментално се должи на среќата кој тој ја ужива надвор од патеката, смета тимскиот шеф, Тото Волф.

Откако стигна до својата петта титула во 2018 година, во сезона која многумина сметаат дека е негова најдобра, Хамилтон успеа да го надополни успехот со промоцијата на својата модна колекција заедно со Томи Хилфигер.

Волф смета дека подобрувањето на Хамилтон како возач се должи на неговото подобро согледување на животот и од што треба да се биде задоволен.

Мислам дека тој постојано се развива, не стои во место. Тој се подобрува во секоја област, на патеката, надвор од патеката, а неговото партнерство со Томи Хилфигер е мошне успешно. Тоа е една од најдобрите колекции во брендот на Хилфигер.

Тој гради втора основа на активности, што е повеќе од само хоби, а поради тоа се подобрува како целосен спортист.

Тоа го прави среќен. Исто е како Кими. Се сведува на тоа да биде среќен. Ако сте среќни, тогаш имате добри перформанси.

Со Луис нас ни требаше време, како беше и како 2016 година заврши, ни даде најдобра основа да ја засилиме нашата соработка. Од тој момент, имавме глобално само добри моменти, а во тимот си веруваме сите еден со друг – изјави Волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.