Тото Волф ги појасни коментарите во врска со статусот на втор возач на Валтери Ботас нарекувајќи го одличен помошник на Луис Хамилтон за време на Унгарското Гранд При. Австрискиот шеф на Мерцедес потенцираше дека тимот не фаворизира ниту еден возач.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Финецот по крајот на трката објасни дека ќе побара да разговара со тимот за време на летната пауза за да се расчистат коментарите околу тимските наредби и поддршката на актуелниот првак и лидер во поредокот Луис Хамилтон.

Токму поради ова работите што не се дискутираат лице во лице целосно се вадат од контекст од страна на медиумите.

На денешната трка, Валтери почна од второ место, а таму беше и по првиот круг и беше одлична заштита за Хамилтон, но не мислам во шампионатот, затоа што ние немаме возач број еден и возач број два. Коментарот се однесуваше за околностите на денешната трка. По мене, ова беше најдобра трка за Валтери откако е во Мерцедес – заклучи Тото.

Австриецот бил изненаден што Ботас успеал толку долго да ги задржи болидите на Ферари зад себе.

Не знам точно колку долго ги возеше тие гуми, мислам околу 50-54 кругови така што беа целосно уништени. Бевме изненадени што успеа да ги задржи Себастијан и Кими зад себе цели 5 кругови и знаевме дека последните пет кругови за него ќе бидат критични.

Горкото чувство кое го имав се однесува на тоа дека требаше тој да заврши на 2ро место каде ја почна трката и каде беше по првиот круг. Доколку не му се допаѓа зборот помошник за оваа трка, можам да кажам дека извозе сензационална трка и многу му помогна на Луис да дојде до победа.

По првичниот наплив на емоции, се смири и Валтери Ботас кој даде поддршка за Тото и екипата преку социјалните медиуми.

Не побарав никаков состанок со Тото и шефовите поради коментарите дека сум бил помошник на оваа трка. Не гледам потреба за тоа, бев разочарам со крајниот резултат и во тој момент се изгледаше негативно за мене.

Знам точно што значеа коментарите на Тото и јас би го кажал истото за Луис доколку ситуацијата беше обратна на трката. Ние сме еднакви во екипата, верувам целосно на Мерцедес се е добро и продолжуваме понатаму – напиша Ботас.


7 КОМЕНТАРИ

  1. KRETENI … KAKO MURINJO U FUDBAL STE … GOLEM KUR DALI KE BIDE SHAMPION … FERRARI E VEKE SHAMPION POSLE VAKVI POSRANI SCENARIJA … TRKAJ TE SE AKO IMATE MUDA I BOLID … TOA F1 – TRKA! A ne mocana taktika .. ja ke idam napred ti drz gi ovie pozadi so po daleku … taka tochak u oark se vozi … ama pokazatel deka gi napunija gakite

  2. Isto kao vetel I Ferrari koga gu pusta vetel da ide napred Ferrari sekogas pravese vakvi raboti i taka keprafi a Mercedes se tepat megju sebe koga toa se sluci so Ferrari da se terkat dvajcata vozaci i toa da se udrad

    • Така е Раиф Ветел плаче прошлата трка за да го пушти Раиконен и тоа е во ред а ова не е воред со нови гуми и ДРС не може да го стигне Ботас и сега сите им се криви а Ветел со неговата немоќ го правдаат и го величат .

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.