Колку што спортскиот шеф на Формула 1, Рос Браун, е убеден дека аеро пакетот за следната година ќе помогне во претекнувањето, шефот на Мерцедес, Тото Волф, се сомнева дека ќе има промена.

Модификациите во техничките правила ќе доведат до имплементација на аеро пакетот кој ќе има помалку софистицирано предно крило, поедноставни отвори за ладење на сопирачките и пошироко задно крило.

Главната цел на аеро промените е да се намали потенцијалот од одминувачкиот воздух, феномен кој го насочува воздухот околу болидот наместо над истиот, нешто што го пореметува болидот кој следи и неговата можност за претекнување.

Во период кога тимовите работат на нивните дизајни за година, Волф открива дека инженерите на Мерцедес сеуште може да создадат одредено ниво на одминувачки воздух со новите аеро конфигурации.

Моментално е многу тешко за болидите да ги следат тие пред нив. Не може да се приближите, губите потисна сила, пневматиците губат грип и поради тоа претекнувањето е навистина лошо.

Кога ќе погледнете кон некои од јуниорските серии со помалку аеродинамика, таму всушност има одлично тркање. Тие имаат можност да се доближат.

Целта беше да се одземе малку од аеродинамиката, да се насочи воздухот не околу болидот, туку над болидот.

Но затоа има 2.000 аеродинамичари во сите тимови и мислам дека најдовме решение со кои ќе го спроведеме воздухот околу болидот. Нема да промени многу – вели Волф.

Сепак, во Октомври, Волф истакна дека не би го негирал потенцијалот на тимовите да се здобијат со значителна предност, благодарејќи на неочекувани иновации или специфичен дизајн.

Некој ќе најде дупка во правилата или иновација како функционираат овие болиди. Мислам дека има голема, голема варијација во тие правила наредната година и може да видиме екипи на врвот кои сега не изгледаат така – гласеше изјавата на Волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.