Тото призна дека се сомневал во Луис Хамилтон и неговата способност откако британецот летал низ светот промовирајќи го својот моден бренд заедно со Томи Хилфигер.

Сепак, на крајот на 2018 година, Луис беше фантастичен и ја освои својата 5та шампионска титула и 5та последователна за тимот. Неговиот “џет-сет“ животен стил посомнева многумина дека може посветено да ја одработи сезоната откако беше присутен на сите поважни настани низ светот во 2018 година.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Пред трката во Сингапур тој беше на модни ревии во Њу Јорк и во Кина, комбинирајќи го и онака густиот Формула 1 распоред со своите лични обврски низ светот. Но, токму на сингапурските квалификации извозе луд квалификациски круг, еден од најдобрите во неговата кариера и дојде до уште една победа.

моравме да почекаме и да ги почитуваме желбите на луис. тој леташе во шангај, потоа во њу јорк и дојде на трката во сингапур. да бидам искрен, се соменвавме во неговата способност, но со тој мега квалификациски круг, повеќе немаше никаков сомнеж – објасни волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.